fbpx

Извозот се зголемил за 4,6 проценти во однос на лани

-

Во првите десет месеци од годината вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 6.004.696.000 долари и бележи пораст од 4,6 проценти во однос на истиот период од лани. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 7.759.081.000 долари, што е за 3,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит за првите десет месеци изнесува 1.754.385.000 долари.Во периодот од јануари до октомври 2019 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Агелер: Честитки за историскиот избор на прва жена претседателка

Амбасадорката на САД во земјава, Ангела Агелер, преку објава на „Икс“ ѝ честиташе победа на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова. „Моите срдечни честитки до Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот историски избор за...