Заев: За загадувањето на рапорт во владата Спасовски, Нуредини и инспекторите

-

Загадувањето на воздухот е огромен проблем за кој имаме обврска да ги ангажираме сите расположливи капацитети во општеството. Изминатава недела се соочуваме со нови подметнати пожари кои дополнително ја отежнуваат ситуацијата, се вели во писменото обраќање на премиерот Зоран Заев на неговиот официјален фејсбук профил, по повод зачестените инциденти на палење на шуми на повеќе локации низ државата, како и зачестеното палење на отпад и диви депонии, кои предизвика бројни негативни реакции во јавноста. Затоа, вели Заев, дадов насока на министрите Оливер Спасовски и Насер Нуредини итно да ги повикаат сите надлежни инспектори на состанок во Владата.

Очекувам да се засилат сите контроли и сите надлежни да бидат постојано на терен со цел да се откријат и соодветно казнат оние кои го загрозуваат нашето здравје.

Обраќањето на Заев доаѓа ден откако повеќе граѓански здруженија за заштита на животната средина од целата држава со отворено писмо побараа од претседателот на државата Стево Пендаровски и од премиерот Зоран Заев со активирање на војската и на полицијата со цел справување со енормното загадување на воздухот. Повикувајќи се на уставно загарантираното право на здрава животна средина, активистите на „Скопје смог аларм“, на „О2 иницијативата“, „Еко герила“, „Мој воздух“, „Го сакам Водно“, „Битола сака чист воздух“ и неколку други граѓански иницијативи во отвореното писмо упатено до Пендаровски и Заев побараа од првите луѓе на државата да активираат припадници на Армијата и Полицијата во борбата со сите нелегални палења на отворени огнови кои предизвикуваат аерозагадување.

Секојдневно сме сведоци на запалени депонии, палење на оган на отворено и шумски пожари, кои го загрозуваат здравјето и физичкиот интегритет на граѓаните, се вели во писменото обраќање на активистите до Пендаровски и Заев. За справување со овој огромен еколошки проблем, екологистите побараа од првите луѓе на државата да ги активираат АРМ и МВР, во координација со сите капацитети на Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалните центри за управување со кризи, општинските штабови за заштита и спасување и државните и општински инспекторати, да организираат патроли и ноќни дежурства онаму каде се забележани зачестени случаи на нелегално палење.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Преку проектот за суперучилишта наши средношколци ќе се дружат со партнерски училишта од Западен Балкан

Во новиот циклус на „Проектот за размена на суперучилишта за Западен Балкан“, вклучени се петнаесет средни училишта од Македонија заедно со нивните партнерски училишта од регионот. Министерката за образование и...