fbpx

Во првите осум месеци бројот на туристи е зголемен за 2,1 проценти за разлика од лани

-

Во периодот од јануари до август годинава во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2,1 отсто, кај домашните за 1,3 проценти, а кај странските за 2,7 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Кај ноќевањата зголемувањето изнесува 1,5 отсто, при што кај домашните 0,3 отсто, а кај странските 3,2 отсто.

Државава во август годинава ја посетиле 216.321 турист, а се реализирани 904.740 ноќевања, што споредено со август лани, е зголемување за 2,2 процента, односно 2,6 проценти. Најбројни се туристите од Холандија, Хрватска, Шпанија,Израел, Австралија и САД.

Бројот на домашните туристи во август годинава во однос на истиот месец минатата година, е зголемен за 0,1 отсто, а на странските за 4,7 отсто. Кај домашните туристи има за 0,9 отсто повеќе ноќевања, а кај странските за 7,4 отсто.

.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...