fbpx

Откажан петочниот состанок на ЕУ-министрите против тероризмот

-

И покрај најавите на латвиското претседателство дека в петок министрите за внатрешни работи ќе се состанат во Брисел да дискутираат за последиците од париските атентати и за мерките во борбата против тероризмот, 28-те министри, сепак, одлучија дека е рано за тоа, објаснувајќи дека „одлуките не треба да се носат во брзање“.

Од латвиското претседателство за „Мета“ велат дека дискусијата се одложува за крајот на јануари кога ќе се одржи неформалниот совет за правда и за внатрешни работи.

– По консултациите со земјите-членки, решивме дека најдобар начин е да имаме добро подготвен неформален совет за правда и за внатрешни работи на крајот на јануари и чии дискусии ќе му служат на претстојниот совет на лидери во февруари – велат оттаму.

Европските институции, на чело со Европската комисија, неколкупати повторија дека нови мерки во борбата против тероризмот не треба да се носат „од страв“.

Европската комисија, од своја страна, веќе подготвува нова „Европска стратегија за внатрешна безбедност 2015-2019“, која ќе биде презентирана на крајот на првото тромесечие од 2015 година.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...