fbpx

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

-

Времето претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност, а попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 19, а максималната од 27 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува седум.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер со температура од 17 до 32 Целзиусови степена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...