fbpx

Седумгодишнина од хеликоптерската несреќа кај Катлановско блато

-

Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ ќе се одбележи седумгодишнината од трагичната хеликоптерска несреќа кај Катлановско блато, во која загинаа 11 припадници на Армијата.

Делегации од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ и од Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ, припадници на Воздухопловната бригада на АРМ, како и членови на семејствата на загинатите војници, ќе положат венци цвеќе на спомен -бележјата во касарната и на местото на несреќата кај Катлановско блато.

На одбележувањето на седумгодишнината кај спомен-обележјето кај Катлановско блато ќе присуствуваат и министерот за одбрана, Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, припадници на ЗОК и на Воздухопловната бригада на АРМ, како и претставници од Општина Петровец.

Македонските припадници на Армијата се враќаа од мисијата „Алтеа“ од Босна и Херцеговина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...