fbpx

Домашниот бруто-производ во првиот квартал со пораст од 4,1 проценти

-

Стапката на пораст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2019 година е 4,1 проценти, објави Државниот завод за статистика

Во првото тримесечје од 2019 година, најголем пораст е забележан во секторите земјоделство, шумарство и рибарство (13,6 проценти), градежништво од (7 проценти) трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности со храна од (6,6 проценти).

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2019 година номинално расте за 3,9 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 63.5 проценти.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14,9 проценти, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 12,6 проценти.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на...