fbpx

Спасовски: Изборите поминаа во мирна атмосфера со незначителен број на неправилности

-

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека изборите поминале во мирна и фер атомосфера, а граѓаните покажале зрелост и одговорност да одлучуваат за иднината.

„Имавме одлично спроведен изборен ден со незначителен број на неправилности без нарушување на јавниот ред и мир“, рече Спасовски.

Тој им се заблагодари на припадниците на полицијата што овој пат, како и пред две недели, одговорно ги извршиле работните задачи и целиот изборен процес поминал мирно и безбедно.

„Имаше три случаи на фотографирање на гласачко ливче во Другово, Скопје и Неготино. Поднесени се соодветни пријави. Пријавени се четири случаи на агитирање, но констатирано е дека пријавите се неосновани. Евидентирани се две пријави за организирано носење на гласачи, во Битола пријавата е неоснована, а во Кочани се работи на расчистување на случаите“, додаде Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...