fbpx

Јанушев: Имаше многу нерегуларности, сѐ освен победа на Сиљановска ќе биде инженеринг

-

Тргна падот на Заев и неговата власт. А, народот победува. Новата реалност значи дека Заев ја губи поддршката, а бројот во општините каде оваа власт е детронизирана повторно ќе биде огромен. Реалноста значи дека народот бара правда. Бара слобода, бара стандард, принципи и вредности. ВМРО-ДПМНЕ се враќа на голема врата, порача Игор Јанушев, шефот на изборниот штаб ВМРО-ДПМНЕ, на половина час по затворањето на гласачките места.

Тој обвини за многу повеќе нерегуларности отколку во првиот круг на претседателските избори.

– Имаше бројни обиди за манипулација на волјата на граѓаните. Власта не беше на висината на задачата во вториот круг. Има организирано и семејно гласање и индиции за поткуп и злоупотреба на полицијата. Во Тризла се собираа гласачи од нивните домови. Ново Село беше под полициска опсада, додека во Битола беше најтешкото подземје испратено. Но има и голем број на општини каде што ние победуваме убедливо – рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој изрази увереност дека на овие избори ќе победа Сиљановска – Давкова и ВМРО-ДПМНЕ. Секој друг резултат, според него, ќе фрли дамка врз изборите.

– Првичните резултати пристигаат и очекуваме одличен резултат за ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДПМНЕ со најголем број на гласови. И сето ова е резултат на новата реалност, волјата на народот и сето она што потоа следува. И во ваква една ситуација се освен победа на професорката Сиљановска ќе фрли темни дамки и сериозни основи за изборен инженеринг, реализиран со притисоци, закани и поткуп – порача Јанушев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...