fbpx

АХВ во првиот квартал уништила 68.806 килограми небезбедна храна

-

Инспекторите за храна и официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство, во првите три месеци од годинава спровеле вкупно 16.578 инспекциски контроли, од кои 11.761 редовни, 1.464 контролни и 3.353  вонредни контроли, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

За констатираните недоследности  изречени се вкупно 1.769 мерки. Донесени се 1.216 решенија, спроведени се 499 едукации на операторите со храна, изречени се пет мандатни казни и поднесени се 13 прекршочни пријави.

„Како небезбеднa храна инспекциските служби на Агенцијата, но и самите оператори, во првиот квартал од годината уништиле вкупно 68.806 килограми храна, од кои најголемиот дел, односно 58.991 килограми, храна од животинско потекло. Официјалните ветеринари на граничните премини, во првите три месеци од годинава извршиле контрола на 3.980 пратки од увоз со 45.145.312 килограми храна од животинско потекло. Вратени и уништени небезбедни пратки од увоз во овој временски период нема. Инспекторите за храна  на граничните премини извршиле контрола на 10.847  пратки со 117.175.259 килограми храна од неживотинско потекло. Во првиот квартал од 2019 година нема вратени или уништени небезбедни пратки од увоз“, се вели во соопштението на АХВ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...