fbpx

Федерер ја освои 996. победа

-

Рожер Федерер се соочи со неочекувани проблеми во својот прв официјален меч во 2015 година, откако со многу мака стигна до триумф над квалификантот Џон Милман во второто коло од турнирот во Бризбејн. Швајцарскиот ас сепак успеа да стигне до победа од 4-6, 6-4, 6-3, што е вкупно 996. триумф во неговата блескава кариера, пренесе „Екипа.мк“.

Федерер направи дури 21 неизнудена грешка во првиот сет, губејќи го со 4-6, а веднаш потоа се најде и во негатива од 1-3 во вториот сет. Милман играше одлично, но Рожер во последен момент се разбуди, влезе во посакуваниот ритам и направи целосен резултатски пресврт.

На големиот ас сега му недостигаат само четири победи за да стане член на „Клуб 1.000“ во светскиот тенис, на кој досега во „новата ера“ му припаѓаат само Џими Конорс и Иван Лендл.

Швајцарецот за противник во следната рунда ќе го има Џејмс Дакворт, кој во својот меч успеа да го изненади Јарко Ниеминен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.