fbpx

Формиран Дигиталниот Форум за информатичко-комуникациски технологии

-

На конститутивна седница со која претседаваше министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, беше формиран Дигитален форум за информатичко-комуникациски технологии како партнерски и коалициски форум за размена на идеи помеѓу институциите и останатите засегнати страни, кои се поддржувачи на дигиталното партнерство.

Од МИОА посочуваат дека идејата за формирање на форумот произлегла како резултат на препознавањето на важноста на дигиталната трансформација и четвртата индустриска револуција, што неопходно бара вклучување на сите страни во заедничка координација со цел поддршка на транзицијата на економијата и домашниот пазар

За претседател на Дигиталниот форум е избран Боро Јакимовски, претставник од академскиот сектор и професор на ФИНКИ, а за заменик-претседател Бардил Јашари, претставник именуван од невладиниот сектор и извршен директор на Фондацијата „Метаморфозис“.

На седницата беше утврдена и динамиката со која би се состанувале членовите, идните чекори во насока на прецизирање на визијата и целите на новоформираниот Дигитален форум, како и начинот на понатамошна комуникација со националниот совет за ИКТ и сајбер безбедност.

Во форумот освен министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и претседателот на Националниот совет за ИКТ и сајбер безбедност Владимир Цветковиќ, членуваат уште 12 претставници од невладиниот и академскиот сектор, како и Стопанските комори поврзани со информациско-комуникациските технологии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...