fbpx

Одбележување на 10-годишниот јубилеј на „Форум на словенски култури“

-

Република Македонија денеска ќе биде домаќин на одбележувањето на 10-годишниот јубилеј од постоењето на меѓународната фондација „Форум на словенски култури“. Во рамките на одбележувањето, во Македонскиот народен театар ќе бидат реализирани повеќе значајни активности и првпат ќе биде доделена и нововостановената награда ЖИВА на фондацијата за најдобра музејска институција.

Во рамки на одбележувањето, ќе се одржи и традиционалниот трет музејски семинар, насловен „Театарската музеологија во 21 век“, на кој присутните гости ќе ги поздрави министерката за култура и претседателка на управниот одбор на фондацијата, Елизабета Канческа-Милевска. На семинарот посветен на музејската дејност, ќе бидат разменети мислења и ставови на театролозите, музеолозите и на културолозите од земјите-членки на „Форум на словенски култури“; претставниците на националните музеи во Република Македонија и членови на Македонскиот национален комитет на ИКОМ.

Во рамките на одбележувањето на јубилејот, во 19 часот ќе биде отворена изложбата „100 години театар во Скопје“ на Музејот на театарски уметности на Србија од Белград, по што ќе следува и концерт на музички ансамбли од регионот, кои ќе го презентираат нематеријалното културно наследство на земјите-членки на „Форум на словенски култури“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓаните бираат претседател и нов парламентарен состав

Денеска во земјава се одржува вториот круг од претседателските избори и се бира нов парламентарен состав. Вкупно 17 политички субјекти доставија кандидатски листи за избор на пратеници. Ова значи дека...