fbpx

Опомени и казни за студентите кои ќе фрлаат ѓубре во „Пелагонија“

-

Екипите на „Комунална хигиена“ денеска и утре ќе го чистат дворот на Студентскиот дом „Пелагонија“, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од дворот на студентскиот дом полн со ѓубре.

Директорот на домот, Бујар Муртезани, најави дека во иднина студентите кои ќе фрлат отпад во дворот ќе се соочат прво со опомена, потоа со парична казна, а доколку не го поправат своето однесување им се заканува и бркање од домот.

– Јас и службите сме во редовна комуникација со студентите. Грдата слика ги нарушува имиџот на домот. Ќе биде поставен видео надзор и ќе има санкции. Сите студенти посовесно да се однесуваат – изјави Муртезани.

На денешната акција за чистење присуствуваа и градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

– Ако сакаме чист и уреден град, сите треба да внимаваме каде го фрламе своето ѓубре. Овој пат, грдата слика за Скопје е оваа дива депонија создадена во дворот на студентскиот дом „Пелагонија“. Иако за чистење на овој двор не се надлежни ниту Градот Скопје, ниту ЈП „Комунална хигиена“, денеска покажуваме добра волја и спроведуваме акција за расчистување на оваа дива депонија. Нашата цел е да испратиме силна порака до граѓаните, до куќните совети, до институциите и до фирмите да си го исчистат ѓубрето. Сите заедно да покажеме одговорност кон средината во која живееме, за да си обезбедиме поздрав и поквалитетен живот. Сите заедно да застанеме на патот на создавањето диви депонии. На тој начин стоиме на патот на загадувањето на воздухот, на почвата и на водите – рече Шилегов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...