fbpx

Заев: Ако референдумот не успее, веројатно со тоа завршуваме со политиките

-

Како премиер имам мандат до 2020 година. Ако референдумот падне и не успее ние веројатно завршуваме со политиките овде. Но, зошто би ни била потребата од владеење кога ни нема иднина државата. Оттука ги црпам ставовите за одговорноста на сите главни политички чинители политички во државата вклучително и ВМРО-ДПМНЕ дека мора да се застане во обезбедување просперитетна иднина на РМ, рече премиерот Зоран Заев на конференцијата „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“ во Скопје денеска.

Тој повторно ја повика опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи и да овозможи успешен референдум за, како што рече, успешна иднина на заедничката држава.

– Потребно е единство. Може опозицијата и власта да се различни и да не се согласуваат по многу прашања, но во историски моменти сите треба да застанат заедно, бидејќи не постои друг алтернативен пат за оваа наша заедничка земја и затоа нема да престанам да упатувам повици опозицијата да се вклучи во референдумот – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...