fbpx

СДСМ ќе потроши до 400.000 евра за референдумот

-

СДСМ не планира да потроши повеќе од 300 до 400 илјади евра за кампањата за референдумот. Кампањата треба да помине во пријатна и привлечна атмосфера, по која граѓаните ќе гласаат „за“.

Ова вчера од Крива Паланка го истакна премиерот Зоран Заев кој појасни не би требало да се потрошат повеќе пари бидејќи, какао што рече, самиот референдум не е како парламентарните избори и не бара многу трошоци за кампања

– Нашите намери се референдумот да мине во што попријатна и попривлечна атмосефа за граѓаните, поразлична од какви и да било други изборни процеси. И затоа верувам дека граѓаните во таква пријатна атмосфера ќе излезат и ќе гласаат „за“ – рече Заев.

Денеска завршува пролонгираното време за пратеничките групи да се изјаснат дали ќе учествуваат во кампањата и дали се „за“ или „против“. До сега се изјаснија само партиите од владејачкото мнозинство и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој побара пари за независна кампања, во која ќе повика на бојкот, додека ставот на ВМРО-ДПМНЕ треба да биде соопштен денеска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...