fbpx

Иванов: Целиот процес на преговори со Грција се како личен договор на двајцата премиери

-

Непридржувајќи се кон законските одредби за склучување на меѓународни договори на законските одредби, целиот процес на преговори со Грција наликува на личен договор на двајцата премиери, порачал претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Димитров на средбата усно го информирал шефот на државата за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името, „без притоа да приложи каков било писмен документ“, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Иванов притоа го повторил својот став дека не прифаќа решение „ерга омнес“, односно едно, ново име за сеопшта употреба.

– Целиот процес наликува на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија. Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба, или ерга омнес – рекол Иванов.

Тој нагласил дека склучување на меѓународен договор треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...