fbpx

Мијалков ја кажа и втората адреса, судењето за „Титаник 2“ продолжува на 10 мај

-

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Анета Стефановска и Влатко Сајковски, како и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, денеска беа на првото рочиште за случајот „Титаник 2“ во Основен суд Скопје 1. Следното рочиште е закажано за 10 мај.

Во врска со адресата на живеење која стои во обвинението, а на која, како што рече судијата Огнен Ставрев, не можеле да му достават покана, Мијалков на судот му даде уште една адреса на која судот може да го најде.

Сите обвинети во „Титаник 2″, освен Мијалков, одговараат за злоупотреба на службената положба и овластување, а ексдиректорот на УБК ќе одговара за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание”.

Инаку, поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими од ДПА, обвинет во „Титаник 2“ за изборни нерегуларности, дојде без адвокат во судница. Него по службена должност судот му одредил бранител, кој Ибраими сакаше да го отповика, но судијата му посочи дека адвокат мора да има.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...