fbpx

Јанакиески: Десет пати барав СЈО да ми ги даде прислушуваните разговори

-

Барем десет пати побарав од СЈО да ми ги достават сите записи од моите прислушувани разговори, но одговор не добив. Затоа се обратив до Народниот правобранител и тој ја побара информацијата од СЈО, рече обвинетиот Миле Јанакиески на судењето за случајот „Топлик“, односно за изградбата на „Сончев град“, објави „Фокус“.

– Одговорија дека доколку во листата се утврди дека мојот број бил прислушуван ќе бидеме известени. Ова значи дека се уште не е утврдено дали воопшто сум бил прислушуван. Токму затоа бараме автентично толкување на разговорите – рече Јанакиески.

Тој како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“ во износ од еден милион евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...