fbpx

ВМРО-ДПМНЕ еден месец ќе блокира крстосници

-

Министерството за внатрешни работи информира дека партијата ВМРО-ДПМНЕ најавила дека во наредните триесет дена, во периодот од 15 до 17 часот, ќе блокира повеќе скопски крстосници.

Од МВР нагласуваат дека сообраќајната полиција ќе преземе засилени мерки за контрола и за регулирање на сообраќајот за олеснување на метежот што ќе настане за време на блокадите.

За време на блокирањето на крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, кај Порта Влае, крстосницата на улицата Јане Сандански и булевар Србија, кај Рампа, кај „МИДА моторс“, на крстосницата на булеварот Александар Македонски и на крстосницата на улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...