fbpx

Османи и Коѕиас сè уште не можат да најдат термин за средба

-

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, ќе се сретнат, но засега не се знае кога ќе се одржи средбата.

Од Секретаријатот за европски прашања велат дека во моментов се работи на усогласувањето на распоредите.

– Средба ќе има, но засега не се знае кога. И на двете страни агендите се пребукирани. Кога ќе имаме точен датум, ќе ве информираме – изјавија од СЕП за „Мета“.

Оттаму не можеа да прецизираат дали средбата сепак ќе се одржи следната недела, како што најави Османи или, пак, ќе се одржи подоцна.

Османи најави дека следната недела ќе замине во Атина, каде ќе има средба со Коѕиас. Средбата била договорена за време на посетата во Брисел, а вицепремиерот на „Твитер“ објави фотографија од усогласувањето на агендите.

„Со Никос Коѕиас ја договараме нашата следна средба. Јас со мојот нотес, тој со својот паметен телефон. Тоа е уште еден доказ дека итно мора да напредуваме кон вредностите и стандардите на ЕУ“, напиша Османи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...