Општина Аеродром ќе донира 300.000 денари финансиска поддршка за Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром – „Во мојот свет“, за вработување на две лица во втора смена.
На средбата, претставници на Здружението „Во мојот свет“ го информирале градоначалникот на Општината, Златко Марин, дека имаат потреба и од простории, по што Марин им ветил дека ќе им помогне и за тој проблем.
Здружението „Во мојот свет“ веќе соработува со градинките и со училиштата од Општина Аеродром во сферата на едукација на кадри, а Марин им ветил дека Општината ќе продолжи да се залага за уште поуспешна соработка и ќе нуди постојана поддршка.
– Ветувавме целосна поддршка и инклузија на лицата со попреченост и почнавме веднаш со работа во таа насока. Очекувам уште многу заеднички корисни проекти, заради максимална инклузија за секој граѓанин – изјави Марин.