fbpx

„Мост“: Нема неправилности на гласачките места, гласањето почна навреме

-

Гласањето се одвива тековно и досега нема информации за какви било неправилности на гласачките места, информираа од граѓанската асоцијација „Мост“.

Според информациите од нивните набљудувачи и од регионалните координатори, отворени се сите гласачки места на кои „Мост“ има распоредено свои набљудувачи.

Во текот на денот, за граѓаните кои сакаат да пријават евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес, отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080, а истото може да го сторат и преку интерактивната веб-платформа neregularnosti.most.org.mk.

Граѓанската асоцијација „Мост“ изборите ги следи со повеќе од 1.000 набљудувачи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...