fbpx

Роџерс: Балотели ќе мора да се навикне на клупата

-

Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс, соопшти дека фудбалерот Марио Балотели мора да се навикне на резервната клупа.

Балотели летово од Милан премина во Ливерпул, досега одигра 15 натпревари и постигна два гола за „црвените“. Тој не беше во првиот тим од 8 ноември, а на 14 декември влезе во игра од клупата, во поразот со Манчестер јунајтед од 3:0.
Италијанскиот фудбалер ќе биде во конкуренција за тимот за натпреварот против Брнли, но Роџерс навести дека нема да го стави во првата постава поради промена на формацијата на 3-4-3.

– Најдобри сме кога играме агресивно. Клучот е да извршиме агресивен притисок, нашата игра ќе биде сè0 подобра затоа што играчите се привикнуваат на тој систем. Видовме дека тоа баш не му одговара на Балотели. Тој е играч кој е најдобар околу казнениот простор и ќе мора да се навикне на резервната клупа – рече Роџерс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...