Лавеци заминува во Ливерпул

-

Ливерпул постигна договор со Пари Сен Жермен за ангажирањето на аргентинскиот напаѓач Езекиел Лавеци, пишува порталот „Спорт медијасет“.

Дваесет и деветгодишниот Лавеци во следните неколку дена ќе допатува во Англија, а како што наведува порталот, во трансферот вреден 10,5 милиони евра, не се вклучени разните бонуси кои зависат од неговите идни настапи.

Серознава Лавеци за парижаните одигра 18 натпревари во првенството во Франција и во Лигата на шампионите и постигна два гола.

Атила Бижен Жалили е нов сопственик на 85 отсто од акциите на ФК Вардар

Фудбалскиот клуб Вардар на својата страница на Фејсбук денеска објави дека нов сопственик на клубот со 85 отсто од акциите на клубот, е Атила Бижен Жалили. Тие го пренесуваат...