fbpx

Леброн поразен од својот поранешен тим

-

Мајами загуби од Кливленд со 101:91 по враќањето на Леброн Џејмс во Мајами, првпат откако си замина од тимот на „жешките“. Џејмс поротив својот поранешен клуб постинга 30 поени и имаше осум асистенции. Двен Вејд од таборот на Мајами постигна 31 поен, од кои 23 во првото полувреме.

– Тешко е да се игра во вакви услови. Се навикнуваш на обични натпревари, а потоа доаѓа еден ваков, како што беше и првиот натпревар по враќањето во Кливленд. Многу е тешко. Беше многу емотивно, минав четири години овде, тие и понатаму се мои луѓе – изјави Џејмс.

Кошаркарите на Лејкерс без нивниот најдобар играч Коби Брајант доживеаја пораз со 113:93 на гостувањето во Чикаго. Најефикасен на натпреварот беше Пау Гасол, кој постигна 23 поени и забележи 13 скока. Коби Брајант поради премор веќе втор натпревар не е дел од тимот од Лос Анџелес, кој забележаа четири порази во последните пет средби.

Оклахома Сити тандер победи на гостувањето кај актуелниот шампион Сан Антонио со 114:106 во реприза на финалето од Западната конференција минатата сезона, а Вашингтон славеа на гостувањето во Њујорк со 102:91. Лос Анџелес клиперс на домашен терен со 100:86 го совладаа тимот со најдобриот резултат во лигата, Голден Стејт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...