fbpx

На Кипраните не треба да им се наметнува решение, смета Путин

-

Решението на кипарското прашање не треба да биде наметнато од други држави, туку тоа треба да го постигнат самите Кипрани, изјави рускиот претседател Владимир Путин, по разговорот со кипарскиот претседател Никос Анастасијадис.

– Му потврдивме на претседателот (Анастасијадис) дека ставот на Русија е да се постигне сеопфатен и фер договор на Кипар, преку имплементација на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации и договорот на сите засегнати страни. Веруваме дека конечната одлука треба да ја донесат Кипраните, без надворешно мешање или диктирање готови формули – рече Путин.

Анастасијадис му се заблагодарил на Путин за принципиелниот став.

– Ние велиме дека сме подготвени за дијалог за внатрешните аспекти на проблемот. Што се однесува до меѓународните аспекти на проблемот, можам да кажам дека треба да следат темелни подготовки за состаноци, на кои ќе учествуваат и генералниот секретар на Обединетите нации и сите нации на Советот за безбедност на ОН – рече Анастасијадис.
Кипар со турска инвазија од 1974 година е поделен на грчка и на турска страна. Турскиот дел од островот се самопрогласи за држава, која е признаена единствено од Анкара.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...