fbpx

Ќе се проценува дали препораките на Прибе се соодветно адресирани

-

Владата денеска го усвои фактографскиот преглед на статусот на имплементација на мерките предвидени во планот „3-6-9“ и ги задолжи сите засегнати министерства и Генералниот секретаријат да ги прегледаат препораките од Извештајот на групата високи експерти предводена од Рајнхард Прибе, соопшти владината прес-служба.

Доколку министерствата и Генералниот секретаријат проценат дека дел од препораките не се соодветно адресирани во одредниците 6 и 9 од планот „3-6-9“, се предлага да ги дополнат и да ги достават до Секретаријатот за европски прашања најдоцна до 10 октомври оваа година.

Владата на денешната седница, исто така, го задолжила кабинетот на премиерот да се консултира со кабинетот на претседателот на Собранието за моделот за консултација со опозицијата по однос на планот „3-6-9“ и заедно со Секретаријатот за европски прашања да организира консултативна средба со репрезентативен број граѓански организации во однос на реализацијата на планот „3-6-9“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...