fbpx

Министрите за надворешни работи на Шведска и на Финска во посета на Македонија

-

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска ќе биде домаќин на министрите за надворешни работи на Кралството Шведска, Маргот Валстром, и на Република Финска, Тимо Соини, кои ќе престојуваат во официјална возвратна посета на Република Македонија.

На средбата со своите колеги, министерот Димитров ќе разговара за реформските активности на Владата содржани во планот „3-6-9“ и за нивната имплементација, неопходна за исполнување на потребните критериуми за почнување на пристапните преговори со ЕУ.

„Се очекува да бидат разменети мислења и за можностите за понатамошно унапредување на билатералните односи, со акцент на економската соработка и на привлекување нови инвеститори од Шведска и од Финска, како и за соработката во образованието и во други области од заемен интерес“, велат од МНР.

Валстром и Соини ќе имаат средба со Димитров во 11.50 часот, потоа ќе има пленарна средба на делегациите на министерствата, а во 12.30 часот е закажана прес-конференција на тројцата министри.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...