На 26 август во Драч премиерот Зоран Заев ќе присуствува на неформална средба на претседателите на влади на земјите на Западен Балкан посветена на регионалната интеграција, информираат од владината прес-служба.
На средбата, на која домаќин ќе биде албанскиот премиер Еди Рама, ќе бидат одржани неколку работни сесии на теми поврзани со регионалната соработка и за зајакнување на интеграциските процеси на Западен Балкан.
Освен претседателите на влади на земјите на Западен Балкан, на средбата ќе учествуваат и еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан и потпретседателот на Светска Банка за Европа и Централна Азија, Сирил Милер.