fbpx

Собраниската комисија ја продолжува расправата за ребалансот на буџетот

-

Комисијаата за финансирање и буџет денеска во 11 часот треба да продолжи расправата за предлогот на Владата за ребаланс на буџетот за 2017 година. Основата цел на ребалансот, како што образложи министерот за финансии, Драган Тевдовски, е да се намалат непродуктивните трошоци и да се обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада.

Втора точка на дневен ред на Комисијата е предлогот за дополнување на Законот за извршување на буџетот за 2017 година, по скратена постапка.

За денеска во 12 часот е закажана и седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика, на која единствена точка на дневен ред е предлогот за дополнување на Законот за исплата на платите, поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, Антонио Милошоски, Љубен Арнаудов, Крсто Јовановски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Драган Данев, Јусуф Хасани и Лилјана Затуроска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...