Скопјанецот С.С. (47) синоќа бил пријавен за исчезнат од член на неговото семејство, информираат од полицијата.
Случајот во полициската станица Бит-пазар, вчеравечер, околу 23.30 часот, го пријавил Ф.С. (29), кој рекол дека на 12 декември неговиот чичко се оддалечил од дома во непознат правец.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на скопјанецот.