fbpx

Одложено рочиштето за „Поткуп“, Заев на средба со преставници на ОБСЕ

-

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“, во кој првообвинет е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е одложено по барање на одбраната, а следното е закажано за 27 јуни.

Заев на судијката Дијана Груевска-Илиевска ѝ покажал документ дека тој денеска во 11 часот имал закажана средба со претставници на ОБСЕ за случувањата во Собранието пред една недела, кога при упад на група граѓани, физички беа повредени неколку пратеници.

Првото рочиште за случајот „Поткуп“ беше закажано на 25 јануари минатата година, а оттогаш имаше речиси десетина одложувања.

Според обвинението, Заев се товари дека во својство на службено лице, како градоначалник на Струмица, од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...