fbpx

Во Турција уапсени 803 осомничени приврзаници на Ѓулен

-

Турската полицијата во симултани акции на повеќе места во земјата уапсила стотици лица под сомневање дека се поврзани со имамот Фетулах Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД.

Турските медиуми јавуваат дека 803 лица денеска се уапсени во рации спроведени во секоја од 81 турска покраина. Осомничените се наводни оперативци на Ѓулен, кои им давале давале наредби на следбениците во полициските сили.

Околу 8.500 полицајци учествувале во операциите.

Апсењата се дел од кампањата која е покрената по неуспешниот обид за пуч, извршен минатата година во јули, за кој турските власти го обвинија Ѓулен. Повеќе од 47.000 лица се уапсени по воениот удар, соопшти министерството за внатрешни работи, меѓу кои 10.700 полицајци и 4.700 припадници на војската.

Ѓулен негира дека тој го оркестрирал пучот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...