fbpx

Петмина војници на АРМ повредени во сообраќајка кај патарината Сопот

-

Петмина припадници на Армијата на Република Македонија (АРМ) се повредени во сообраќајна несреќа што денеска околу 12.30 часот се случила на автопатот Велес – Скопје.

Според МВР, сообраќајната несреќа се случила во близина на наплатната рампа Сопот, а во неа учествувале три возила на АРМ, кои се движеле во конвој на редовни вежби на армискиот полигон Криволак.

Повредените војници биле префрлени во велешката болница, каде по укажната помош лекарите констатирале дека нема потреба да бидат задржани за понатамошно лекување.

На местото на несреќата се врши увид за утврдување на причините и на околностите во кои се случила сообраќајната несреќа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...