fbpx

„Шпигл“: ЕУ планира санкции за Македонија и блокирање сметки на политичари

-

Европската Унија размислува за воведување забрана за патување, замрзнување сметки за одредени македонски политичари, но и за кратење на претпристапната помош, јавува „Дојче веле“, повикувајќи се на германскиот неделник „Шпигл“.

„Земјите членки на ЕУ почнаа со конкретни дискусии околу санкции против Македонија“, објавува „Шпигл“.

Германскиот неделник наведува дека германската канцеларка Ангела Меркел на конгресот на ЕПП на Малта го предупредила лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да престане со блокадата.

„Иако во Европската служба за надворешна политика сè уште не се дискутирало јавно за тоа, на крајот веројатно ќе се одлучат за санкции, изјави еден претставник на службата на состанок на европските партнери на почетокот на април“, пренесува неделникот, додавајќи дека голема е загриженоста и фрустрацијата на земјите членки и на институциите поради долготрајниот политички ќор-сокак во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...