fbpx

Политичката и мигрантската криза во фокусот на утрешната средба меѓу Иванов и Туск

-

„Во фокусот на разговорите на претседателот Иванов и на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе бидaт заканата од илегална миграција со која се соочува Европа и политичката криза во Македонија по изборите во декември 2016 година“, информираат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, кој утре ќе биде домаќин на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој ќе престојува во работна посета на Македонија.

Според агендата на активности, во 13.55 часот се очекува пристигнувањето на Туск во кабинетот на претседателот. Во 14 часот ќе почне тет-а-тет средбата на Иванов и на Туск, а половина час подоцна е пленарниот состанок на двете делегации.

Во 15 часот се предвидени изјави за медиумите од претседателот Ѓорге Иванов и од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Во 15.30 часот е предвиден работен ручек, на кој освен Иванов и Туск ќе бидат и членовите на делегациите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...