fbpx

Опожарен камион во Драчево

-

Засега непознат сторител, вчера, час и половина по полноќ, опожарил незаклучен камион во скопската населба Драчево.

Како што соопшти СВР Скопје, камионот „застава 8310“ со скопски регистарски ознаки бил паркиран на улицата Малешевска. Околу 1.30 часот вчера, непознатиот сторител ја отворил незаклучената врата, истурил запалива течност и го предизвикал пожарот.

Биле повикани скопските пожарникари, кои го изгаснале пожарот, а полицијата извршила увид и вели дека се трага по сторителот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...