Илија Димовски ја нападна агенцијата „Мета“ од собраниската говорница

-

На второто продолжение на конститутивната седница на Собранието, пратениците Стефан Богоев од СДСМ и Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ влегоа во дискусија во врска со анализа на новинската агенција „Мета“.

Богоев од собраниската говорница рече дека за неговиот говор ќе се послужи со анализата на „Мета“ за промената во наративот на ВМРО-ДПМНЕ за платформата на албанските партии, кој драматично се промени по пропаѓањето на преговорите на ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ за состав на влада.

Тој нагласи дека претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја ословувале платформата на еден начин додека траеле преговорите со ДУИ, а речникот на партијата се сменил откако преговорите пропаднале.

– Во период од 9 до 29 јануари, кога мандатот е кај Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ не споменуваше тиранска платформа, туку велеше „таа“ платформа. На 30 јануари, кога Груевски го губи мандатот, веднаш плaтформата на албаските партиите ја oсловува како тиранска платформа, платфoрмата на Еди Рама, сеалбанска платформа – рече Богоев.

На ова реплицираше Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој наместо за наративот на неговата партија за платформата, зборуваше и ја нападна агенцијата „ Мета“, која ја нарече „соросоидна“.

– Околу новинската агенција „Мета“ би сакал да појаснам, тоа е скратеница од зборот Метаморфозис, „Мета“ е сопственост на „Метаморфозис“, а „Метаморфозис е сопственост во Сорос. По новоговорот во Соединетите Американски Држави, наметнат од новата администрација, сето тоа е „фејкњуз“ – рече Димовски.

Имено, новиот американски претседател Доналд Трамп, водечките телевизиски мрежи во САД, „Си-ен-ен“, „Еј-би-си“, „Ен-би-си“, како и британската „Би-би-си“, но и весниците „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, кои отворено го критикуваат, ги нарече „фејкњуз“.

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот брат. Првостепената...

Поради руско влијание поништени резултатите од првиот круг претседателски избори во Романија

Уставниот суд во Романија ги поништи резултатите од првиот круг на претседателските избори неколку дена откако беа декласифицирани извештаи кои тврдат дека Русија водела координирана онлајн кампања за промовирање на екстремно...

Големи протести во Србија под мотото “Застани Србијо“ организирани поради несреќата во Нови Сад

Во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и во други градови во Србија денес се застануваше на 15 минути во протестна акција за оддавање почит на 15-те загинати во трагедијата на железничката...

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во ОУ „Лазо...

Дваесет години затвор за сторителот на убиствата на сопствениот брат и снаата

Казна затвор од дваесет години денеска му беше изречена на Љ.К. од скопското село Стајковци кој во мај годинава ги лишил од живот сопствениот брат и снаата од другиот...