сабота, 18 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Драчево | 26 резултати

Град Скопје ќе го продолжува булеварот Борис Трајковски кон населбата Драчево

февруари 23, 2021

Советот на Град Скопје денеска донесе Одлука за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на град Скопје за 2021 година, со која се предвидува реконструкција и проширување на булеварот Борис Трајковски од населбата Пинтија до Драчево, информираат од Град Скопје. „Станува збор за капитален инфраструктурен проект со кој ќе […]

Допрва ќе се анализира дали возот е економски исплатлив како јавен превоз во Скопје

март 29, 2020

Министерството за транспорт и врски допрва ќе прави анализа за нивото на економска исплатливост на проектот за воспоставување на приградски железнички сообраќај во Скопскиот регион. Владата во својата 4 – годишна програма за работа ја вклучи идејата за користење на возот како средство за јавен превоз во Скопје со 4 железнички краци, вклучувајќи ги линиите […]

Петмина загинати во судир на „рено 5“ и камион за ѓубре кај Драчево

мај 15, 2019

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на Драчево 15-тина минути пред полноќ, загинале пет лица кои биле во автомобил што удрил во камион за ѓубре. Како што соопшти Основното јавно обвинителство Скопје, дежурен јавен обвинител извршил увид и според првичните сознанија, автомобилот „рено 5“ со скопски регистарски таблички во коj се превезувале […]

Оградата за депонијата со линдан во Пеленица ќе биде прва јавна набавка во 2019 на МЖСПП

јануари 4, 2019

Оградувањето на дивата депонија со високо токсичен и канцероген линдан во Пеленица, Драчево, ќе биде првата јавна набавка на Министерството за животна средина и просторно планирање во оваа година, потврдуваат од таму за „Мета“. Иако првично беше најавено дека депонијата ќе се огради до крајот на годината што измина, тимот на „Мета“ вчера беше на […]

На депониите со линдан им нема крај: На просторот на ОХИС има и трета?

декември 26, 2018

На територијата на фабриката ОХИС постои и трета депонија, покрај малата и големата, на која е можно да има складиран линдан, вели за „Мета“ министерот без ресор за странски инвестиции Аднан Ќахил кој е дел од работната група формирана од Владата за решавање на проблемот со линданот и воедно е поранешен вработен во фабриката ОХИС […]

Детална анализа на дивата депонија со линдан во Драчево, бара градоначалникот Темелковски

декември 21, 2018

Притискаме да се испита дали има линдан во Пеленица, бидејќи не сакаме да остане дамка на тоа излетничко место, а уште помалку сакаме да имаме нетретирани хемикалии „во нашиот двор“, вели градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски во разговор за „Мета“. Тој вели дека сите сознанија што ги има Општината се од разговори што се […]

Министерството за образование ги забрани екскурзиите кај депонијата со линдан

декември 20, 2018

Министерството за животна средина и просторно планирање испратило допис до Министерството за образование и наука да не се организираат екскурзии во Пеленица, Драчево, местото за кое „Мета“ пишуваше дека има сомневање дека се наоѓа необележана депонија со канцерогениот линдан кој потекнува од фабриката ОХИС. „Во Министерството за образование и наука, стигна допис од МЖСПП по […]

Дивата депонија со канцероген линдан во Драчево ќе се огради до крајот на годината

декември 18, 2018

Министерството за животна средина и просторно планирање, до крајот на годината ќе го огради просторот во Драчево на кој постојат сомневања дека се наоѓа дивата депонија со 8.000 тони линдан кој потекнува од фабриката ОХИС, потврди за „Мета“, државната секретарка во Министерството, Ана Петровска. Таа вели дека откако вчера „Мета“ објави за постоењето на дивата […]

Необележана депонија со 8.000 тони канцероген линдан од ОХИС ја труе околината на Драчево

декември 17, 2018

Во околината на Драчево, во месноста Пеленица, постои илегална депонија на која се наоѓаат неколку илјади тони токсичен отпад линдан, потврдуваат за „Мета“ од Министерството за животна средина. Депонијата, е необележана, неоградена и не постои знак кој информира дека на тоа место се наоѓа токсичен канцероген отпад кој влијае и на животната средина, но и […]

Поради кражба синоќа прекинат железничкиот сообраќај Скопје – Велес

март 1, 2018

Прекин на железничкиот сообраќај на пругата Скопје – Велес имало вчера од  21.56 до 23.50 часот, поради обид за кражба на тегови од мрежата за напојување на возовите со струја. Како што соопшти МВР, прекинот бил меѓу железничката станица Драчево и железничкото стојалиште „Јане Сандански“.

Оштетени надгробни плочи во Драчево

ноември 5, 2017

Надгробни плочи на три гроба на гробиштата во селото Драчево биле оштетени во периодот од јули годинава до вчера. Како што извести МВР, случајот вчера го пријавиле три лица, откако првпат по повеќе од три месеци ги посетиле оштетените гробишта. Полициска екипа извршила увид и се работи на утврдување на причинителите.

Заев: Реални се шансите да добиеме чиста препорака од ЕК

септември 8, 2017

„Иднината наша, како граѓани, иднината на Република Македонија, е во ЕУ и во НАТО. Реални се шансите наесен Македонија да добие чиста препорака од ЕК.  Реални се шансите Македонија да стане 30. земја членка на НАТО. Реалност се економските перспективи, спокој во семејствата, децата дома, нови вработувања, успешни претпријатија, европско образование, современо здравство“, порача премиерот […]

Шилегов: Ќе ставиме крај на градежното дивеење во Скопје

септември 8, 2017

Граѓаните на Скопје не заслужуваат арогантни градоначалници кои не мислат на потребите на граѓаните. По промените на локалните избори, новата градска власт заедно со граѓаните ќе работи напорно за Скопје да стане гордост за идните генерации, порача потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, во своето обраќање по повод 8 Септември, на одбележувањето на големиот државен празник […]

Опожарен камион во Драчево

март 28, 2017

Засега непознат сторител, вчера, час и половина по полноќ, опожарил незаклучен камион во скопската населба Драчево. Како што соопшти СВР Скопје, камионот „застава 8310“ со скопски регистарски ознаки бил паркиран на улицата Малешевска. Околу 1.30 часот вчера, непознатиот сторител ја отворил незаклучената врата, истурил запалива течност и го предизвикал пожарот. Биле повикани скопските пожарникари, кои […]

Искршени прозорци на штабот на СДСМ во село Драчево

февруари 24, 2017

Непознати лица ноќеска со камења ги искршиле надворешните стакла на штабот на СДСМ во село Драчево, соопштија од партијата и апелираа полицијата да го расветли случајот. – Искршени се надворешни стакла. Според информациите од теренот, тоа се случило рано утрото, по полноќ. Случајот е пријавен во полиција и во моментов се прави увид – стои во […]

Караванот „Ние одлучуваме!“ ја посети скопската населба Драчево

ноември 1, 2016

Активистите на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска ја посетија населбата Драчево и кај пазарчето, пред здравствениот дом, го поделија бесплатниот весник. „Пазарџиите се жалеа на слабата куповна моќ и на давачките, купувачите се жалеа дека и покрај ниските цени не можат да си дозволат да го купат тоа што им е потребно. Поголемиот дел од […]

Полицијата откри насад со марихуана во Драчево, притворен скопјанец

октомври 7, 2015

Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје поднела кривичина пријава против 25-годишшниот Д.Г. од Скопје, осомничен дека во околината на населбата Драчево насадил и одгледувал марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, осомничениот семето од растението канабис сатива го набавил во текот на оваа година, а стеблата ги одгледувал […]

Обвинителството ги истражува околностите за смртта на двајцата мажи кај Драчево

септември 1, 2015

Основното јавно обвинителство ги истражува причините за смртта на двајцата мажи кои синоќа околу 19 часот биле пронајдени во автомобил, со прострелни рани на телата, соопшти Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, безживотните тела во автомобилот, марка „ровер“, ги забележал случаен минувач, сопственик на лозје, на патот Драчево – село Количани, кај местото Локва. Според […]

Откриени лицата кои убија човек и ограбија менувачница во Драчево

август 15, 2015

Министерството за внатрешни работи инфомираше дека го расчистила убиството и грабежот на менувачницата „Золит Трејд“ во Драчево, што се случија во февруари 2013 година. Се работи за лицата И.И (28) кој е во бегство и С.С (28) и двајцата од Скопје. На С.С му е одреден притвор во траење од 30 дена поради сомневање за […]

Отворање на катастарски шалтер во Драчево

март 31, 2015

Агенцијата за катастар на недвижности денеска заедно со Општина Кисела Вода ќе отвори шалтер во населбата Драчево. Како што наведуваат од Агенцијата, со отворањето на трајниот шалтер, жителите на Драчево и на околината ќе можат полесно да дојдат до катастарски услуги.

Страна 1 од 2