fbpx

Трамп Помладиот, мета на критики поради твитот за терористичкиот напад во Лондон

-

Доналд Трамп Помладиот се најде на мета на критики откако неколку часа по нападот во Лондон на „Твитер“ објави неколку месеци стар коментар на градоначалникот на британската престолнина, кој напишал дека терористичките напади се дел од животот во големите градови.

„Мора да се шегувате со мене?! Терористичките напади се дел од животот во големиот град, вели градоначалникот на Лондон, Садик Кан“, напиша синот на американскиот претседател на „Твитер“.

Пораката содржела и линк до написот на британскиот весник „Индепендент“ од 22 септември, во кој Кан, меѓу другото, вели дека граѓаните треба да бидат внимателни по бомбашките напади во Њујорк.

Многу Британци со критики одговорија на неговата порака, вклучувајќи го и Вес Стритинг, кој рече дека Трамп Помладиот е „срам“ и обвини дека терористичкиот напад се користи за политички цели.

Кан на прашање на новинарот на „Си-ен-ен“ рече дека не сака да одговара на твитот на Трамп Помладиот.

– Работев многу поважни работи во изминатите 24 часа – рече Кан и додаде дека „терористите го мразат фактот“ што градовите како што се Лондон, Њујорк и Париз имаат „различни заедници кои живеат мирно“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...