Тинејџер со нарушено ментално здравје го извршил нападот во Лондон
август 4, 2016
Лондонската полиција соопшти дека 19-годишен тинејџер е напаѓачот што синоќа со нож уби една жена, а повреди пет лица. Британските медиуми, цитирајќи полициски претставници, јавуваат дека напаѓачот, чиј идентитет не се открива, имал нарушено ментално здравје и оти веднаш по апсењето е сместен во специјална болница. Сепак, полицијата сè уште истражува дали станува за терористички напад. […]