fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Сакајќи да се спаси, Заев ја жртвува Македонија

-

Гласот на народот не смее да биде изманипулиран од аболираниот Зоран Заев, кој поради криминалот во кој е заглавен, прифаќа секакви уцени, вклучувајќи и формирање на влада по нотите од Тирана, се вели во редовното утринско соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Целта за растурање на Македонија постои речиси цела деценија, но сега ја има својата кулминација бидејќи одредени фактори однадвор во аболираниот Заев најдоа човек подготвен по секоја цена да дојде на власт за да се спаси од кривичен прогон. Сакајќи да се спаси, Зоран Заев ја жртвува Македонија. Последиците од реализирање на тиранската платформа ќе бидат катастрофални, затоа ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува да се откаже од уцената“, велат од партијата.

Доколку Заев се откаже од платформата, од ВМРО-ДПМНЕ повторуваат дека ќе дадат поддршка за малцинска влада, а втората опција што ја предлагаат се нови парламентарни избори заедно со локалните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Европската комисија исплати 50 милиони евра финансиска помош за Северна Македонија

Европската Комисија оваа недела одобри заем во износ од 50 милиони евра за Северна Македонија. Ова е прва транша од тековната програма за макрофинансиска помош (МФП) за земјата. Помошта обезбедува...