fbpx

Двајца осомничени за убиството во Прилеп

-

Две лица се осомничени за убиството на 65-годишниот маж кој завчера беше пронајден мртов, со две убодни рани на телото, во стан во Прилеп, во кој живеел како потстанар.

Како што соопшти денеска МВР, станува збор за лицата С.М. (32) и В.М.(33), и двајцата од Прилеп, кои целосно го признале извршувањето на кривичното дело. Против двајцата е поднесена кривична пријава за убиство.

Според полицијата, осомничените подолго време се познавале со жртвата и често го посетувале неговиот дом.

Критичниот ден, двајцата, откако купиле алкохол, отишле во станот. Таму С.М. побарал пари од жртвата, а откако бил одбиен, отишол во кујната каде зел нож и двапати го прободел 65-годишниот маж, во пределот на бубрезите и во градите.

„Второосомничената цело време била присутна за време на извршувањето на кривичното дело. Откога го извршиле кривичното дело, од џебот на панталоните го одзеле мобилниот телефон на жртвата, како и телевизорот од станот. Потоа го зеле клучот од станот, заклучиле и се дале во бегство“, стои во соопштението на МВР за случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...