fbpx

ЕУ бара власта итно да ги реши партизацијата, судството и медиумите

-

Во заклучоците кои министрите за надворешни работи на ЕУ треба да ги усвојат овие два дена во Брисел, на редовниот декемвриски самит, за Македонија се бележи влошување на состојбата со демократијата, дознава „Мета“.

Поздравувајќи го фактот дека во земјата европската агенда „останува стратегиски приоритет“, министрите истакнуваат дека мора да се намали партизацијата на државните институции.

– Има сериозна загриженост за зголемената партизација на државните институции и растечки недостатоци во независноста на судството и на медиумската слобода. Неисполнувањето на овие прашања наштетува на одржливоста на реформите. Советот итно ги повикува властите да преземат одлучувачки чекори за решавање на овие проблеми – се вели во првиот пасус од заклучоците.

Понатаму, Советот ги повикува опозицијата и власта да ја надминат политичката криза и да најдат заеднички јазик и повикува на воспоставување поголема доверба помеѓу етничките заедници.

Министрите се осврнуваат и на прашањето за името, повторувајќи дека е потребно пронаоѓање заеднички прифатливо решение.

– Што се однесува на поранешната југословенска република Македонија, ние се обидуваме да го деблокираме прашањето, но, како што знаете, има многу пречки и засега не гледам никакво придвижување, но ова не е нешто што можам да го прифатам засекогаш и со сигурност ќе направам сè што можам во наредните месеци за да ја подобрам ситуацијата – изјави  комесарот за претпристапни преговори, Јоханес Хан, пред денешниот договор.

За потсетување, неодамна комесарот Хан навести деблокада во спорот за името.

Преземи го целиот документ.  

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...