fbpx

Напад на хотел во Могадишу

-

Вооружени лица утринава упаднале во хотел во сомалискиот главен град Могадишу, по експлозија на автомобил бомба на влезот од зградата, соопшти сомалиски полициски претставник.

Капетанот Мохамед Хусеин соопшти дека според досегашните податоци, во моментот на нападот, во хотелот Даја во Могадишу имало десетици лица, меѓу кои и дел од вработените.

Тој додаде дека од хотелот и понатаму се слушаат истрели од огнено оружје и оти сè уште немаат информации за можни жртви.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Екстремистичката исламистичка група Ал шабаб често спроведува вакви напади во одредени делови од земјата и иако е протерана од повеќето клучни упоришта, групата и понатаму изведува напади во јужниот и во централниот дел на Сомалија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...