fbpx

Конгресот на САД го одобри буџетот за одбрана

-

Конгресот на САД го одбори буџетот за одбрана за 2015 година, кој изнесува 577 милијарди долари, вклучително и 64 милијарди за воените ангажмани во странство, што ќе овозможи финансирање на обуките на сириските и на ирачките сили за борба против ИСИС, пренесуваат медиумите.

Распределбата на средствата предвидува 496 милијарди од основниот буџет да му припаднат на Пентагон, 18 милијарди на Енергетскиот департмент за нуклеарно оружеј, а 64 милијарди долари за мисиите во странство.

Конгресот одговори негативно, односно го одби барањето на Пентагон за отфрлање или за редуцирање на системите за вооружување за кои сметаат дека не можат повеќе да ги одржуваат поради намалувањата во буџетот.

Според проекциите на буџетот, за наредните 10 години се планира намалување на средствата за одбрана на САД за речиси 1.000 милијарди долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...