Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), на денешното редовно изборно собрание, едногласно усвои Декларација за Томислав Кежаровски, со која побара негово ослободување од вина.
– Ние, македонските новинари, и денеска и одовде од изборното собрание на ЗНМ, упатуваме уште еднаш силна поддршка за нашиот неправедно осуден и притворен колега, Томислав Кежаровски. Бараме од Апелацискиот суд во Скопје, додека сè уште го чекаме неговиот финален збор, да ја донесе единствената одлука со која ќе ја задоволи правдата – да го ослободи од вина – стои во декларацијата.