fbpx

Историска посета на јапонскиот премиер Шинзо Абе на Перл Харбор

-

Јапонскиот премиер Шинзо Абе посети неколку споменици на Хаваи пред неговата историска посета на Перл Харбор.

Абе ќе биде првиот јапонски премиер што го посетил Перл Харбор. Покрај него ќе биде и претседателот на САД, Барак Обама, кој пред само неколку месеци стана првиот американски претседател што ја посети Хирошима.

Абе на Перл Харбор ќе им оддаде почит на мртвите, но нема да се извини, исто како што во Хирошима направи Обама.

По слетувањето на Хаваи, јапонскиот премиер прво се упати на националните гробишта каде што положи венец. Светските медиуми пишуваат дека Абе на гробиштата останал подолго време во тишина.

За време на јапонскиот напад на Перл Харбор убиени се околу 2.300 Американци и тоа беше причина САД да се вклучи во Втората светска војна.

За време на нападот на Перл Харбор, сите осум воени бродови беа оштетени, а четири беа потопени.

Абе и Обама ќе се помолат за мртвите на местото на нападот по самитот кој ќе се одржи на Хаваи, последен пред Обама да го напушти местото претседател во јануари.

Обама пред неколку месеци ја посети Хирошима, каде САД фрлија атомска бомба од која загинаа 150.000 луѓе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...