Авион на индиската авиокомпанија „Џет ервејз“ се излизга од пистата на аеродромот во Гоа, на западот на Индија, а во инцидентот потешко се повредени 15 лица, соопштија индиските власти.
Сите патници биле евакуирани, јавуваат индиските медиуми.
Причината за несреќата сè уште не е позната, а во авионот кој во моментот на инцидентот се подготвувал да полета за Мумбај, се наоѓале 161 патник и членови на екипажот.
Авионот подоцна успешно полетал.
Гоа е позната по големите песочни плажи и секоја година за време на божиќните празници ја посетуваат неколку илјади туристи.